Македонија
15. October 2019 - 19:52

Две лица физички нападнати во Стара чаршија, поради недоразбирање за издадена сметка

На 14.10.2019 околу 23.30 часот, М.М.(47) и А.Џ.(63), двајцата од Скопје, пријавиле дека во угостителски објект во Старата скопска чаршија биле физички нападнати од четири лица поради недоразбирање за издадената сметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.