Македонија
22. March 2018 - 16:18

Двајца припадници на АРМ ранети додека чистеле оружје со еден куршум при пренос на митрaлез

Двајца професионални војници од тетовската касарна се повредиле додека го чистеле оружјето. Еден куршум од митралез им нанел прострелни рани на нозете на 28 годишниот Мирослав Јовановски и 37 годишниот Вели Шабани. Повредените припадници на АРМ веднаш биле пренесени во болница.

-Истите се пренесени во Јавната здравствена установа во Тетово од каде се утврдени фрактури на фрактури на коски и по првично санирање на повредите се префрлени на хируршка интервенција во Клиничкиот Центар „Карил“ во Скопје, стои во официјалното соопштение од Генералштабот.

Во тетовската болница војниците биле однесени во шокова состојба. Лекарите ја стабилизирале нивната состојба а поради прострелните рани, кај едниот во подколеницата а кај вториот во надколеницата, ги транспортирале на скопските клиники. Повредените припадници на АРМ ги посети министерот за здравство.

-И двајцата се со склопетарни повредеи, прострелни рани во левата надколеница и се примени во КАРИЛ. Не се во животозагрозувачка состојба, стабилни се и двајцата, нема проблеми со движењата со екстремитетите и попладнето и кај двајцата ќе бидат направени хируршки интервенции., изјави Венко Филипче, министер за здравство

Од МВР и АРМ велат дека работат на целосно расчистување на случајот.