Македонија
27. October 2020 - 11:11

Дваесет и шестгодишник тешко повреден при работа во Зелениково

Дваесет и шестгодишник И.Л. од селото Смесница вчера бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ откако се здобил со тешки телесни повреди при работа во селото Зелениково.

На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициска станица Драчево.

Известен е и Трудов инспектор.