ДУП-от за Трнодол на повторна јавна презентација и анкета во првата половина на 2020

Предлог ДУП-от Ј03 Блок 7, за потегот околу Трнодол и дел од Козле ќе биде ставен на повторна јавна презентација и јавна анкета во првата половина на 2020 година, соопшти општина Карпош.
-Во јавноста кружат неосновани обвиненија дека ДУП-от за Трнодол и дел од Козле, ќе биде донесен на следната седница на Советот на Општина Карпош, што е апсолутно неточно. Целиот процес ќе продолжи да се одвива отворено како и до сега, а на барање на жителите, јавната презентација ќе се одржи во подобри просторни услови. На тој начин, се надеваме дека ќе ги мотивираме нашите сограѓани да дојдат и да се информираат за новиот Предлог – ДУП, додаваат од општината.
Предлог – ДУП не предвидува никакви нови населби или уништување на зеленилото, се наведува во соопштението и се додава дека целосно е заштитен зелениот појас и истиот ќе добие намена Д2 односно заштитно зеленило.
-Намалена е катноста на објектите, а спорната Јужна обиколница со новиот ГУП ќе биде целосно избришана. Во овој ДУП истата се предвидува единствено од технички аспект, заради законски нужното усогласување со посточекиот ГУП, нагласува општината.
Со новиот Предлог – ДУП, се вели во соопштението, се воведуваат и дополнителни мерки за максимална безбедност на теренот.
-Имено, Предлог ДУП-от предвидува задолжителни геомеханички испитувања на теренот, заштита на земјиштето со потпорни ѕидови и шипови пред почеток на било каква градба. Само за илустрација, веќе постоечкиот ДУП кој сега е на важност, воопшто не ги содржи овие дополнителни мерки кои би се однесувале за објектите под Трнодол (позади „Макпетрол“), нагласува општината.
Апелира до граѓаните да бидат спокојни во однос на безбедноста и ефектите кои може да ги има градењето врз истата.
-Завршено е времето кога ДУП-овите се носеа на сила, далеку од очите на јавноста! И покрај големиот број на лажни информации и напади, ќе продолжиме транспарентно да го водиме овој процес и ќе ги искористиме сите легитимни средства, за да им овозможиме на нашите сограѓани подобар увид во Предлог – ДУП-от, се вели во соопштението.
Новата Јавна анкета ќе трае и по завршување на работното време на граѓаните, за да се овозможи поголема видливост на ДУП-от и да ги процесираме нивните забелешки преку анкетните листови. Во меѓувреме, на веб страната е достапен графички и текстуален дел од овој ДУП,.
-Насилството и агресијата не смеат да бидат одлики на една од најразвиените општини во нашата држава, Општина Карпош. Затоа ќе продолжиме процесот да го водиме низ призма на транспарентност, дијалог и соработка со сите вклучени чинители, се нагласува во соопштението.
Ново на Сител
-

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата
-

Малолетник повреден со нож во скопски Центар, завршил со исекотини на клиника
-

Кривична против тетовец, договорил купопродажба на нотар, а возилото го продал на трето лице
-

Традиционална комеморација на загинати 33 македонски борци под француско знаме на македонски фронт 1914-1918 во Коломбел
-

МВР со важно известување: Во петок во Ѓорче ќе се уништуваат гранати
-

Трамп во писмо до израелскиот претседател Херцог побара да го помилува премиерот Нетанјаху
-

Перински од Струмица: Локалниот развој не е политика, туку одговорност кон граѓаните
-

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот по Коридорот 10 или автопатот Е 75
