Македонија
27. February 2020 - 16:34

ДУИ нема да има предизборни митинзи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ засега не прфават радикални чекори

Корона вирусот  ги откажа партиските активности на ДУИ. Интегративците донеле одлука во овој предизборен период да ги пролонгираат сите планирани средби со граѓани поради актуелната состојба со вирусот  во државата.  Ваквата одлука на ДУИ ќе биде на сила се додека траат препораките од кризниот штаб во Владата.

Спротивни се ставовите на коалиционите партнери во Владата. За разлика од ДУИ, СДСМ не се откажува од активностите. Портпаролот на СДСМ за Сител вели дека ќе работат согласно партиската програмата бидејќи институциите биле на висина на задачата.

 СДСМ не се откажува од партиските активности бидејќи ситуацијата во државата ни е под контрола. Нема простор за паника, постои кризен штаб кој се справува со сите новонастанати предизвици а тука се и институциите. Ние како политички партии сметам дека не треба да креваме паника 

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ смета дека одложувањето е желба на СДСМ бидејќи се плашеле од мобилизирањето на народот. Мицковски најави дека во поглед на предизборната кампања ќе преземаат внимателни чекори.

За сега нема официјално  пролонгирање и забрана за одржување на јавни манифестации и други собири. Владата во зависност од ситуацијата ќе ги носи одлуките.