Loading Video...
Фудбал
1. April 2020 - 16:04

Дуелот Македонија – Косово најверојатно во септември евентуално октомври

Европската фудбалска унија (УЕФА) очекувано по вторпат ги одложи бараж натпреварите за пласман на Европското првенство што наместо летово ќе се одржи следното лето. 
 
Македонската фудбалска селекција, па и јавноста, со нетрпение го чекаат, мечот против Косово преку кој нашите фудбалери ќе бркаат историска шанса за прв пат да се пласираат на завршницата на европскиот шампионат. 
 
Откако беше откажан терминот 26 март, па најавен 4 јуни, сега ќе мора да почекаме уште некој месец. 
 
Со оглед на фактот дека од УЕФА предност ќе им дадат за завршниците на националните шампионати, а засега никој нема идеја кога и дали тие воопшто ќе се доиграат, се предвидува дека бараж дуелите за ЕП би се играле во септември, односно периодот меѓу 3 до 8 септември, кој беше предвиден за старт на новиот квалификациски циклус. 
 
Како втора можна опција во зависност од крајот на националните првенства, се предвидува и терминот во октомври месец.