Македонија
22. September 2021 - 19:55

ДСЗИ врши вонреден надзор на смртноста од Ковид-19 кај лица под 40 години

Вонреден надзор како починале 18, 23, 30, 31, 33 годишни пациенти кои изминатите денови ја изгубија битката со ковид 19. Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе ја проверува целокуопната документација од утврдувањето на позитивниот тест до крајното лекување во некоја од болниците. Прават контрола кај сите починати под 40 години, но како што велат од ДСЗИ има надзор и кај други возрасни групи ако има барање од семејството. Инпекторите кај некои од случаите бараат и стручен надзор доколку има индикација и тоа им е пракса од самиот почеток на пандемијата.

Лекарите кои работат во ковид центрите велат дека е многу тежок процесот на лекување кога примаат тешко болен кој е млад и со ниска сатурација.

-Младите ги занемаруваат симптомите мислат дека се настинка и се јавуваат многу касно на лекар. Доаѓаат сдо тершка клиничка слика и кога ќе примите пациент со сатурација 50 -60 и процесот на лекувањње е многу тежок, вели др. Билјана Попоска, Клиника за Пулмологија – ковид центар на Интерни клиники.

Лекарите од ковид центрите апелираат до младите навреме да одат на матичен за навреме да почнат со медицинскиот третман. Но она што дополнително го влошува текот на лекувањето се и хроничните заболувања за кои пациентите незнаат дека ги имаат.

-Треба да ги имаме во предвид генетичките предизпозиции кои влијаат на текот на болеста. Ниту ние не знаеме дека имаат хронични заболувања но ковидот е мултисистемска болест и не се знае освен респираторно кој друг орган ќе го зафати, вели др. Попоска.

Според лекарите тоа што делта сојот сега повеќе се шири кај младата поплација е и фактот што тие на почетокот не беа опфатени со процесот на имунизација. Инаку, индиската мутација според болничките искуства е двапати позаразна, двапати повеќе пациентите имаат потреба од кислород и 4 пати повеќе завршуваат на лекување во интезнивна нега.