Македонија
3. October 2022 - 20:01

Државата ќе гори мазут, граѓаните нека внимаваат што горат

Државата ќе увезува јаглен и мазут, но граѓаните да внимаваат да не се греат со загадувачки материјали. Министерот за животна средина потенцира дека оваа зима поради кризата ќе има поголемо аерозагадување и најави засилени инспекциски контроли. Најмалку што бараат вели е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе ги увезуваат.

Тој тврди дека прават напори, болниците, училиштата и градинките оваа зима да добијат гас бидејќи тие според него се најголеми загадувачи. Министерот изрази загриженост и во однос на цените по кои се продаваат дрва за огрев и побарал на владина седница  да бидат презентираат резултатите од инспекциските контроли.

Нуредини на брифингот со медиумите најави дека конечно по две ипол години постигнато е усогласување меѓу Град Скопје и Општина Сарај за управувањето со Матка. На 17 октомври ќе се расправа за нацрт законот со кој Матка ќе биде прогласена за заштитена зона.