Државата ќе ги подмири трошоците за ПЦР-тестови за странските туристи, најави Битиќи
За да не биде дополнителен товар за потенцијалните туристи, ние соодветно ќе надоместиме ПЦР-тестовите да бидат направени од наша страна, односно, туристите кои што ќе ја посетат нашата земја да немаат дополнителен трошок, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која беше претставен шестиот пакет мерки.
– Тоа ќе се направи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство, затоа што сметаме дека само кредибилни и јавни институции можат да спроведат ПЦР-тестирање на ваков начин и во толку голем обем, како што имаме предвидено, дополни вицепремиерот.
Битиќи сподели дека во предвид имаат 50 илјади потенцијални туристи кои во нашата земја ќе доаѓаат вои текот на цела 2021 година.
Шестиот пакет мерки, како што нагласи вицепремиерот на денешната прес-конференција, е вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка