Македонија
8. October 2017 - 10:58

Драстично намалени нивоата на неколку реки во Македонија

Нивоата на реките Црн Дрим кај Ложани и на Вардар кај Јегуновце се пет пати пониски од просекот за октомври, покажува днешното хидролошко мерење на УХМР.

Намалување на водостоите бележат и Вардар кај Зајчев Рид, Црна Река кај Новаци, Сатеска кај Ботун, Крива Река кај Крива Паланка, Треска кај Македонски Брод и Пчиња кај Катлановска Бања.

Повиско ниво од октомврискиот просек има само на Вардар кај Демир Капија и на Брегалница кај Берово. 

Според УХМР, нивото на Дојранското Езеро повторно е зголемено, од -82 сантиметра колку што е просекот за октомври, на 174 сантиметри, додека Охридското езеро е нешто под просекот.