Македонија
13. December 2019 - 15:51

Драма во Скопје: Маж впери автоматска пушка кон соседот

Драма во Скопје, маж вперил автоматска пушка кон соседот, полицијата веднаш излегла на местото на настанот. 

- На 12.12.2019 во 15.30 час. А. Д. пријавил дека во зграда на ул.„Тодор Александров“ во Скопје неговиот сосед Т.Д., по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него. Полициски службеници веднаш по добивање на пријавата излегле на местото на настанот. Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР: