Македонија
29. September 2020 - 12:46

Дождовите не го наполнија Охридското Езеро

Климатските промени закана за Охридското езеро.Екологистите велат сосотојбата е алармантна ,врнежите од дожд не ја подобрија хидролошката состојба, загрозен е рибниот фонд, растителниот свет но и самиот брег на езерото.

Екстремните временски услови како суши,поројни дождови и студени зими негативно влијаат врз водниот басен.

Со самото повлекување во прашање може да биде доведен и стариот дел на градот, куќите и културно историските знаменитости кои се наоѓаат на брегот.

Но она што станува сѐ поалармантно, е тоа што човекот како фактор со своето негативно влијание ги потпомага климатските промени, а природата само враќа како бумеранг. Добрите познавачи сметаат дека  потребни се стратегии и планови за итно дејствување и справување или ублажување на негативни ефекти од климатските промени.