Loading Video...
Спорт плус
16. August 2020 - 16:40

Довициозо победник на австриското Гранд-при во Мото ГП шампионатот

Андреа Довициозо е победник на трката во Мото ГП шампионатот што се возеше денеска на патеката „Ред Бул ринг“, а за Големата награда на Австрија. 
 
Италијанецот, кој вчера потврди дека ќе го напушти тимот на „Дукати“ до првата победа сезонава стигна пред Жоан Мир и Џек Милер.
 
Трката ја одбележа инцидентот во осмиот круг кога дојде до судар на Жоан Зарко и Франко Морбидели, а за среќа па и на останатите учесници истиот мина без посериозни последници. 
 
Веќе следната недела на истата патека ќе се вози петата трка во првенството.