Македонија
26. February 2020 - 17:19

Досега нема повици на „Ало докторе“ за болни од корона - возилата на Брзата помош опремени за интервенции

Заштитни маски, наочари, мантили за еднократна употреба и ракавици... Со ваква заштитна опрема се опремени возилата на Брза помош кои покрај итните пациенти треба да превезуваат и сомнителни случаи на короронавирус до Инфективната клиника или останатите одделенија за изолација.

-Ние постапуваме на повик од ЦЈЗ Скопје доколку има потреба од нас. Нашите екипи се со заштитна опрема стандардно за вирусно респираторни инфекции. Заштитна опрема се маски, наочари, мантили за еднократна употреба и ракавици. После превезувањето комбето оди на дезинфекција, изјави д-р Милица Бубало, раководител на Службата за итна медицинска помош Скопје.

Граѓаните веќе почнале да бараат совети на “Ало докторе” како да постапат доколку имаат контакт со сомнителен или заболен од Ковид-19.

-Најчесто бараат совет како да постапат понатаму доколкустапат во контакт со заболен од коронавирус. Какви мерки да преземат, додаде д-р Бубало.

Министерството за здравство вчера објави телефони на кои граѓаните кои се враќаат од региони каде има корона можат да се јават за помош доколку имаат симптоми карактеристични за новиот вирус.