Loading Video...
Кошарка
28. October 2022 - 10:58

Дончиќ му донесе победа на Далас против Бруклин по продолжение

Со нова брилијантна партија Лука Дончиќ до донесе победа на својот тим Далас во дуелот со Бруклин. Маверикс славеа со 129-125 и тоа по дополнителните пет минути, а Словенецот средбата ја заврши со првиот трипл-дабл сезонава со 41 поен, 11 скока и 14 асистенции.
 
Шампионот Голден Стејт запиша уште една победа. „Воините“ предводени од Стеф Кари и неговиот учинок од 33 поени, 9 асистенции и 7 скока славеа пред своите симпатизер над Мајами со 123-110. 
 
Бејн со 31 и Морант со 22 поени го предводеа Мемфис до победа над Сакраменто 125-110, а во последниот натпревар Оклахома со 118-110  го победи тимот на во Лос Анџелес Клиперс