Тенис
25. November 2019 - 19:53

Доминација на Ѓорческа во Анталија

Одличен настап на нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа  и триумф на Ај Ти Еф фјучерсот во Анталија која се играше за награден фонд од 15. 000 долари. 
Ѓорческа во Анталија потврди дека се наоѓа во извонредна форма  и на целиот турнир загуби само еден сет и тоа во финалето.
Иако стартуваше како втор носител  нашата тенисерка  против сите ривалки играше максимално  и не дозволи изненадување се до финалето каде ги одмери силите со Русинката Ирима Кромачева која единствено беше достоен противник за Ѓорческа.  Сепак  Кромачева во завршниот меч успеа да освои само еден сет и тоа вториот откако во првиот загуби со 6-3. 
Во решавачкиот сет  Лина ја потврди својата доминација на турнирот и триумфираше со 6-1 што и и го донесе првиот трофеј во поединечна конкуренција оваа сезона и вкупно 10-ти во кариерата каде има уште 41-на титула во двојки.