Македонија
7. December 2022 - 16:37

Дојави за бомби во 9 училишта и во НБРМ

Лажни се дојавите дека во 9 средни училишта во Скопје , но и во објектот на НБРМ се поставени експлозивни направи, потврди МВР. Утрово околу 10 часот на мејл адресите сите добиле идентична заканувачка  порака, па полицијата ги евакуирала и учениците и вработените. По еден час пребарување антитерористичката единица при МВР и кучиња трагачи утврдиле дека и овој пат дека станува збор за лажни дојави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Ова е првпат откако почнаа да се испраќаат вакви вознемирувачки пораки , државна институција да пријави дека на својата мејл адреса добила порака за поставена бомба. Вработените од неколку институции кои се сместени во објектот на Народната банка веднаш беа евакуирани...

Министерот за внатрешни Спасовски вели дека последните дојави се класичен пример за хибридна закана.

Иако МВР посочи дека приведено е едно момче кое признало дека испратил порака до 4 средни училишта во Скопје минатиот месец, сепак не запреа дојавите за поставени помби. Изминатата недела и основни училишта од Скопје, Крива Паланка и и Кавадарци добија пораки со содржина дека во објектите на нивните училишта дека има поставен експлозивни направи.