Loading Video...
Спорт плус
8. September 2020 - 15:46

Доделени признанијата „8 Септември“ за придонес во спортот

Традиционално на денот на независноста 8 Септември, се доделуваат и признанијата за придонеси во спортот. 
 
Годинашното највисоко признаенине, за животно дело, што се доделува на тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот, му припадна на Љуљзим Вренези. 
 
Поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец во борење, признанието го добива како тренер – селектор на македонската репрезентација, односно двата освоени бронзени медали на Могамедџан Нуров кој пак со бронзата на СП во Казахстан, обезбеди учество на ЛОИ во Токио 2021 година
 
– Ова е најголемата награда што сум ја добил во мојот живот. Им се заблагодарувам на сите колеги и на семејството кои се дел од оваа награда. Се надевам дека ќе Ве израдуваме и со медал од Токио, истакна добитникот на признанието Љуљзим Вренези.
 
Покрај наградата за животно дело, беа врачени уште четири награди со кои им се оддава признание на Сократ Ефтимовски (борење), Бесник Мурати (карате), Ванчо Јовановски (ракомет) и Ѓорги Вучков (атлетика).
 
Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека и во иднина ќе продолжи поддршката за сите спортски работници во земјава кои со своите успеси ја промовираат земјава во меѓународни рамки.
 
– Преку вашата улога во претставувањето и афирмирање на земјава во меѓународни рамки, сте придонесувате за јакнење на националната свест и за промоција на нашата држава во светот за што сите се гордееме. Да се понесе ова признание е верификација и потврда на вашиот труд, истакна заменик – директорот на Агенција за млади и спорт Гзменд Ристеми, додавајќи дека овој пример треба да го следат идните генерации.
 
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на земјава на меѓународен план.