Македонија
30. May 2020 - 16:42

Додека заразата се шири ФФМ продолжува по планот за рестарт на сезоната

Молк во македонската фудбалска федерација по вчерашната скандалозна и криминална одлука на Управниот одбор да ги задоволи бизнис – политичките интереси на Претседателот Мухамед Сејдини и да ја продолжи сезоната во време на нова експанзија на корона вирусот.
Јавноста се уште чека да ја види одлуката со која се продолжува првенството за да може да се видат образложенијата врз основа на кои Сејдини реши да го продолжи првенството во истиот момент кога Македонија за само 3 дена изброја над 10 нови жртви на вирусот. Иако во ФФМ велат дека такви насоки добиле од УЕФА, официјалниот допис од европската куќа на фудбалот никој не може да ги види.

Она што може да се прочита на веб сајтот на федерацијата е дека Управниот одбор одлучувал наместо Собранието на ФФМ бидејќи тоа не можело да се состане, а истовремено се најавува свикување на собранието во периодот по 20 јуни.
За скандалот да биде уште поголем, портпаролот на ФФМ, вчера во изјава за медиумите свесно ја лажеше јавноста дека за првенството добиле препорака од здравствените власти, иако јавноста вчера сама можеше да се увери кога докторот Исијановски јасно потврди дека одлука за продолжување на првенството се уште нема, додавајќи условите во овој момент не дозволуваат да се продолжи првенството

Како може ФФМ да добила зелено светло од Комисијата за заразни болести, а нејзините членови да не слушнале за тоа и зошто им се дозволува на група луѓе со соминтелна позадина и намери да го изложуваат на ризик животот и здравјето на сите фудбалери. Дополнително, за да има доволно натпревари тимот на Сејдини да стигне до местата кои водат во Европа, фудбалерите ќе мора да играат по еден натпревар на секои 3 дена на температури кои ќе достигнуваат и до 40 степени

Во немоќ од ФФМ излегоа со смешен став дека Македонија не може да биде сива зона на фудбалот во која нема да продолжат првенствата заборавајќи дека една од најсилните лиги во светот, француската Ла Лига реши да не го продолжи првенството а истото се случи и со белгиската лига која речи си секоја година има претставници во завршната фаза од лигата на шампионите.
Она што за познавачите дефинитивно ќе биде сива зона е фактот дека ќе се игра плеј аут во кој нема да има испаѓање за што никој тешко ќе биде да се убеди спортската јавност дека парите нема да се прават во некоја од светските кладилници.
Нејасно е и зошто не се доигра втората лига каде се преостанати помалку натпревари и каде прволигашка виза може да се освои на теренот а не на зелена маса.

Правниот тим на ФК Силекс веќе најави дека подготвува кривични пријави против сите членови на Управниот одбор на ФФМ за незаконската одлука, а истото се очекува да го направи и Основното јавно обвинителство кое во овој случај треба да отвори истрага за кривичните дела „пренесување заразна болест“ и „Непостапување според здравствените прописи во време на епидемија“ согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.