Бизнис
4. March 2021 - 21:27

Додека голем дел од општините имаат проблем со наталитет Општина Илинден гради нови училишта

За разлика од многу општини во кои нема кој да оди на училиште, Илинден има потреба од нови капацитети. Општината ќе гради ново основно училиште за да може да ги смести сите дечиња. Во постоечкото училиште настава следат над 1.000 ученици и е најголемо во земјава со најмногу деца кое работи во две смени со полн капацитет. Со новиот објект ова училиште ќе се растерети, а учениците ќе имаат поквалитетна настава.

Се очекува да биде пуштено во употреба до крајот на годината. Ќе се протега на површина од над 2.000 квадратни метри.  

Во изминатите години целта на општината е да се подобри квалитетот на образованието на децата и да се генерира кадар којшто е потребен на пазарот на трудот. Во моментов невработеноста во оваа општина е 3 проценти.