Македонија
5. December 2019 - 22:30

До крајот на месецов ќе трае мерката за бесплатно чипирање миленици

До крајот на овој месец истекува рокот за бесплатно чипирање на домашните миленици. Од септември лани кога почна капмањата досега микрочипови добиле 72.000 животни. Од нив 2100 се мачки, останатите кучиња. Микрочиповите имаат за цел да ги направат животните побезбедни – сопствениците секогаш ќе можат да ги најдат, но и за да се знае кој е нивни сопственик.

Едукацијата на граѓаните, посебно на земјоделците за зачувување на благосостојбата на животните кои ги користат за работа ќе продолжи со поддршка на ЕУ. Засилена едукација ќе има и за правилна употреба на пестицидите, а главната цел е производство на безбедна храна која ќе биде конкурентна на странските пазари.

Кампањата за одоговорно сопствеништво која овој месец ќе ниде засилена е дел од проектот на ЕУ кој ќе трае една година и чини 1,6 милиони евра.