Македонија
27. November 2022 - 19:37

ДМ маркети во акција за позелена иднина

Над 27.000 садници багрем, даб и чемпрес обезбедија ДМ маркетите во нивната акција Пошумуваме заедно за позелено утре. Вработени во компанијата, но и волонтери денеска во селото Миладиновци ги засадија садниците, за како што велат позелена иднина. ДМ маркетите во текот на половина месец август и септември од сите нивни продадени производи одвојуваа по 1 денар за засадување на овие садници.

Во акцијата на ДМ маркетите асистираа од Министерството за земјоделие и Национални шуми. Велат и останатите компании треба да се угледаат на овој пример, но и да се крене свеста за што повеќе површини да бидат пошумени.

Целта на акцијата на ДМ маркетите беше поттикнување на граѓаните да купуваат квалитетни производи со кои ќе имаат учество во процесот на пошумување и ќе придонесат за развивање на зелените површини низ целата држава, особено во предели кои беа зафатени од шумски пожари.

Најавија дека оваа иницијатива која ја започнаа годинава, сакаат да прерасне во традиција која долги години ќе придонесува за позелена иднина.