Македонија
7. October 2015 - 15:11

Димовски: СДСМ го проблематизира усогласувањето на измените на Изборниот законик

СДСМ бара секаков возможен начин да го одложи и проблематизира донесувањето и усогласувањето на Изборниот законик, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски посочувајќи дека претставниците на партијата во преговорите за измените во изборното законодавство се спремни за усогласување на ставовите за негово носење.  

На преговорите ноќеска СДСМ побарала повлекување на Предлог - законот за необјавување на прислушуваните разговори, поднесен од пратениците Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и и Талат Џафери од ДУИ. 

- Законот е поднесен со потписи од двајца пратеници, едниот од ДУИ, другиот од ВМРО-ДПММНЕ. Ние се плашиме дека СДСМ не сака усогласување на Законот, го чекаме усогласувањето на Изборниот закон и сме спремни да постапиме се во насока на усогласување на ставовите не само помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, туку помеѓу четирите политички партии, рече Димовски, кој додаде дека повлекувањето на предлог-текстот зависи и од постапките на другите партии. 

 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека на вчерашните разговори било договорено дека прво, треба да се усогласи Изборниот законик, па потоа да се разговара за законот.

- Заев дал изјава дека биле изненадени и дека не биле запознаени што е неточно апсолутно бидејќи покрај тоа што тој дал согласност на лидерска средба за носење на овој закон, во мое присуство координаторот на ДУИ пред две недели на пратениците од СДСМ им го предаде текстот на законот. Значи, тезите и тврдењата дека СДСМ е изненадена и дека не знаела или немала согласност апсолутни се неточни. Значи, СДСМ даде согласност за овој закон, СДСМ го имаше тој текст на своја рака пред две недели што е битно за нас, рече Димовски.

Повтори дека за да се најде решение за Изборниот законик и притоа да се почитуваат демократските стандарди, правата на граѓаните и принципот дека граѓаните одлучуваат на избори кој ќе ја добие можноста да управува со државата, а тоа не се случува ниту на зелена маса, ниту се исполнуваат желби на политички партии.

Исто така, Димовски искажа подготвеност за разговори за одредени измени или промени на предложениот закон.

- Последно и можеби најинтересно како информација ваква законска регулатива постои во Република Македонија. Овој закон е само лекс специјалис на односна разработка на членови од Кривичниот законик. Сите оние новинари кои вчера можеби со право најдоа забелешки да го критикуваат овој закон што ние го почитуваме го имаме во предвид, добро е да го погледнат и Кривичниот законик каде што се предвидени истите или слични одредби веројатно после оваа бура од вчерашниот ден Кривичниот законик ќе мора да се почитува од денеска па натаму, рече Димовски.