Димковски: Исплатени 607 милиони денари субвенции за сточарите
Вкупно 607 милиони денари легнаа на сметките на 3.213 сточари, одгледувачи на овци, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
По посетата на сточарска фарма во битолското село Дихово, Димковски изјави дека во наредниот период ќе продолжи исплатата на субвенции според планираната динамика.
-Ова е уште една потврда дека субвенциите се исплаќаат навреме и неселективно. Се надевам дека сточарите средствата од субвенциите ќе ги искористат за набавка на нови грла, за производствена опрема и за сé што е потребно за да го развиваат сточарството, истакна Димковски.
Директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски рече дека до денеска во агро секторот се реализирани над 381, 6 милиони евра, средства кои во ниту еден претходен мандат не биле исплатени.
Министерот Димковски, директорот Бабовски и градоначалникот на Битола, Наташа Петровска ја посетија сточарската фарма на Никола Ѓоргиев,претседател на Сојузот на одгледувачи на овци кој информираше за соработката и комуникацијата со МЗШВ.
Ново на Сител
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет