Македонија
23. March 2018 - 17:18

Димитров и Коѕијас оптимисти за решение: За Македонија неприфатливо споено непреведено име, Грција бара уставни измени

Сложено име во кое додавката е споена со Македонија во еден збор и тоа непреведно како што пример би било горнамакедонија не е најдобар правец во кој треба да се движат преговорите со Грција. Ова е единствениот детал од македонските позиции кој го откри шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по средбата со Никос Коѕијас.

Двајцата министри по денешната средба излегоа како оптимисти за решение во спорот коментирајќи дека се работело за втора суштинска средба на која се разговарало за проблемот, а очекуваат уште поголем напредок на следната закажана средба на 30 март во Виена кога Димитров и Коѕијас ќе се сретнат заедно со медијаторот Метју Нимиц.

- Сегашната референца Поранешна Југословенска Република Македонија го содржи името Република Македонија и тоа е преведено на шесте официјални јазици на ОН. Тешко е да му кажам на мојот народ дека сложено име со некаква одредница заедно со името Македонија, во еден збор, е добро решение...ако се изговара и да се изгуби. Не е ова најдобар правец во кој треба да се одвиваат преговорите. За мене многу е важен овој момент, многу е важно дистинкцијата да биде достоинствена и да не направи посебен случај од тоа. Треба да излеземе од овој спор со исправени глави.

Коѕијас пак, потврди дека грчката страна не отстапува од барањето за промена на македонскиот Устав коментирајќи дека тоа не е  нешто страшно.

Иако, како шо рече, уставните промени не ги бараат како гаранција за договоренотот име, сепак Грците инсистираат на тоа за да не се дојде во ситуација Уставниот суд да ја укине постигнатата спогодба, како што често се случувало од уставните судови низ ЕУ кои укинувале дел од европското право.Тој смета дека чесно решение е постигнувањето на компромис доколку сакаме стабилен регион.

- Грција денес полека излегува од економската криза и ако сакаме развој мора да работи ме на целата целиот регион да стане дела од ЕУ. Верувам во чесни договори од двете страни...Не некој да изгуби или некој да добие туку да се постигне еден компромис. Треба да го добиеш она што е главно за тебе, и да го дадеш она што е главно за другиот...

Двете нацрт спогодби кои ги понудија секоја од страните, според двајцата минситри, се само документи во кои се испишани позициите на Македоннија и Грција, а дека се она што ќе биде догворено ќе биде ставено на еден единствне документ кој ќе му биде предаден на Нимиц. Коѕијас ни се обраќаше со изразот „северната пријателска земја“, а го пофали и чинот на смената на името на скопскиот аеродром од „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром Скопје каде и слета. Тој од кај Димитров отиде на средба и со премиерот Зоран Заев.