Loading Video...
Кошарка
24. јуни 2020 - 12:55

Димитриевиќ одличен, но Уникаха останаа без полуфинале

Ново одлично издание на македонскиот репрезентативец Ненад Димитриевиќ во дресот на шпанската Хувентуд. 
 
Иако Димитриевиќ го одигра најефикасниот натпревар на завршниот турнир во шпанската лига, сепак неговиот тим Хувентуд загуби од Тенерифе со 82-80, со што ги загуби и шансите за пласман во полуфиналето. 
 
22-годишниот Димитриевиќ на паркетот мина нешто повеќе од 22.минути период во кој реализира 16 поени, само два помалку од неговиот клупски соиграч Словенецот, Препелиќ. 
 
Хувентуд со една победа и три порази е на третото место на табелата во А групата од која Барселона веќе обезбеди полуфинале, а за второто место шанси имаат Басконија и Уникаха со мала предност е баскискиот клуб кој има и победа повеќе, а во последното коло закажано за утре ќе игра токму против Хувентуд и Димитриевиќ.