Џет-Сет
22. March 2017 - 22:11

Девојката на Вељко со шокантен одговор на прашањето: Зошто не пости

Иако долго време се занимаваше со манекенство, Ана Цакиќ, поголема популарност стекна кога почна да се забавува со Вељко Ражнатовиќ.

Секој нејзин потек беше под будното око на јавноста, а тоа продолжи и откако синот на Цеца Ражнатовиќ реши да стави точка на оваа љубов.

Поради тоа таа и натаму на социјалните мрежи има голем број обожаватели, а Ана секогаш се труди да ги изненади со некоја добра фотографија.

Откако на Инстаграм е воведена опцијата за снимање во живо, Цакиќ на тој начин повремено комуницира со оние кои ја сакаат и одговара на нивните прашања.

Во последниот лајв една девојка ја интересираше дали Ана пости, а нејзиниот одговор шокираше многумина.

- Не постам, не го правам тоа. Сметам дека луѓето кога постат, треба да се воздржуваат и од пијалок, излегување, секс, што јас не го правам. Да се пости не значи само воздржување од храна, почна да одговара Ана, но ја прекина нејзината другара кога сфати што вели.

- Што  реков? - праша манекенката, а другарката и рече дека ќе разговараат после, по што го прекина снимањето во живо.