Македонија
5. August 2021 - 10:26

Девојче падна од балкон на шести кат во Охрид

Дете падна од балкон на зграда во населбата Христо Узунов во Охрид, објави порталот Охрид1 вчера.

Како што дознаваат тие, се работи за мало девојче кое паднало од шести кат и се здобило со многу скршеници при што е пренесено во болница.
 
Порталот најавува повеќе информации наскоро.