Loading Video...
Свет
24. јуни 2021 - 16:30

Дете извлечено живо од урнатините на 12 катницата во Мајами

Најмалку едно лице загина а 10  се повредени кога се урна голем дел од дванаесеткатна станбена зграда во Мајами Бич во американската сојузна држава Флорида.

По неколку часовна потрага, од под урнатините спасувачките екипи успеа да излечат живо десетгодишно дете. Не се знае точно колку луѓе биле во зградата во 2 часот по полноќ по локално време кога се случило уривањето. 

Потрагата по преживеани продолжува но може да биде отежната велат спасувачите доколку градот го зафати невреме најавено во метеоролошките извештаи. 

Не е познато што го предизвикало колапсот на дел од зградата со 100 стана изградена пред 40 години.