Дескоска: Недобивањето датум за преговори не го запре процесот на реформи
Министерката за правда Рената Дескоска денеска имаше средба со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост Вера Јурова, на која се разговараше за реформските процеси што се одвиваат во земјава.
Како што соопшти Министерството за правда, на средбата Дескоска изрази жалење за недонесувањето одлука за отворање на преговорите со Република Северна Македонија и покрај тоа што препораките на ЕУ беа исполнети.
Дескоска потенцираше дека сепак, таквата одлука не го стопираше процесот на реформи, кој пред се се одвива поради интересот на граѓаните.
Министерката за правда, како што се наведува во соопштението, искажа очекување дека ЕУ ќе ја преиспита својата одлука за отворање на преговорите, и напомена дека тоа ќе биде одлука со која ќе го приближи Западен Балкан кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк