Loading Video...
Ракомет
16. July 2021 - 18:44

Дербито Вардар – Е. Пелистер во 4.коло кон крајот на септември

Денес во просториите на РФМ беше извршена ждрепката за претстојната сезона во машката Суперлига, која годинава уште од почетокот ќе биде збогатена со учеството нашите најдобри екипи.
 
Првото големо дерби односно дуелот меѓу шампионот Врарар и вице-првакот Еурофарм Пелистер ќе се игра во Скопје, во рамките од 4-тото коло кое според календарот на програмата е на 25 или 26 септември. 
 
Во првата рунда вардарци одбраната на титулата ќе ја започнат во дуелот со Скопје 2020, додека во Битола ќе се игра „братската пресметка“ меѓу двете екипи на Еурофарм Пелистер. 
 
Интересно се очекува да биде и на скопското дерби меѓу Металург и Пролет, а останатите двојки од 1.коло во новата ракометна сезона ги сочинуваат: Радовиш – Струга, Бутел Скопје – Прилеп и Охрид – Тиквеш. 
 
Според календарот, до крајот на оваа година предвидено е да се одиграат 17 од вкупно 22-те кола, како и едно коло од Купот на Македонија, додека за во февруари е предвидено да заврши регуларниот дел и да започне битката за титулата и опстанок.