Депонијата Буково останува најголем проблем за охридскиот регион - не помагаат ниту препораките на УНЕСКО
Депонијата Буково каде со децении се одлага сметот од Охридскиот регион останува најголемиот еколошки проблем.
Екологистите повторно алармираат и бараат нејзино затворање која е и една од препораките на Унеско. Идејата за изградба на современа депонија во Југозападниот регион со години тапка во место, Наумоски смета дека најдобра локација е месноста на завршетокот на езерото Голобчица каде подземните води нема да претставуваат опасност.
Покрај екологистите во неколку наврати рагираа и граѓаните од околните села стравувајќи за нивното здравје.
Екологистите посочуваат дека нема да се откажат од битката за чиста животна средина.
Депонијата Буково, години наназад особено во летниот период гори и загадува. Од ЈП Охридски комуналец, велат дека интензивно работат на гаснење на пожарот кој го подметнувале неовластени лица.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар