Loading Video...
Кошарка
23. September 2020 - 10:13

Деневер ја намали предноста на Лејкерси на 2:1

Екипата на Денвер го победи ЛА Лејкерс со 114-106 и ја намали предноста на „Езерџиите“ на 1:2 во победи во финалето од плејофот на Западната конференција. 
 
Џамаил Мареј и Никола Јокиќ средбата ја завршија со дабл-дабл улинок. Канаѓанецот покрај 28-те поени имаше и 12 асистенции, а Србинот на 22-те поени додаде и 10 скокови. Голем придонес во оваа победа на „Нагетси“ имаше и Џереми Грант кој средбата ја заврши со 26 поени. 
 
На „Лејкерси“ не им помогна ниту трип-даблот на Леброн Џејмс со 30 поени, 11 асистенции и 10 скокови, како и 27-те поени на Ентони Дејвис. 
 
Четвртиот меч овие два тима ќе го играат во петок наутро во 3 часот. 
 
Ноќеска во 2 часот и 30 минути по полноќ Бостон и Мајами ќе го одиграат четртиот натпревар во источното финале во кој „Хитс“ ќе влезат со предност од 2:1 во победи.