Loading Video...
Фудбал
12. September 2020 - 15:45

Денеска започнува и шпанската Ла Лига

Покрај англиската премиер лига викендов започнува и новата сезона во шпанската Ла Лига. 
 
Денеска на програмата се три натпревари и тоа Еибар – Селта, Гранада – Атлетик Билбао и Кадиз – Осасуна. 
 
Натпреварите на најголемите фаворити за шампионскиот трофеј Реал Мадрид и Барселона, се одложени, а дуелот што ќе го привлече најголемото внимание во првото коло е градското дерби во кое Валенсија ќе го пречека Леванте на Енес Барди. 
 
Дуелот на „Местаља„ на програмата е утревечер со почеток од 21 часот.