Loading Video...
Спорт плус
11. September 2022 - 11:26

Денеска распределба на медали на одбојкарскиот Мундијал

Ден за распределба на медалите на Светското одбојкарско првенство во машка конкуренција, чија завршница се игра во Катовице. 
 
Актуелниот шампион и домаќин Полска против Италија ќе се борат за титулата. 
 
Полјаците имаат шанса по трет пат во низа (триумфираа на последните две првенства 2014 и 2018 година) да го освојат трофејот, со што би се израмниле со Бразил и со Италија селекции кои  исто така трипати по ред беа светски прваци и тоа периодот пред Полјаците (Бразил беа шампиони 2002, 2006 и 2010, Италија 1990, 1994 и 1998 год.) 
 
Полска атакува на вкупно петтиот медал, четврти златен, идентично како и нивниот противник Италија, која за последен се радуваше на медал и тоа златен во 1998 година). 
 
Кој ќе се радува овојпат на златото останува да се види по финалниот меч што ќе се игра од 21 часот. 
 
Во дуелот за бронзата (18 часот) ќе играат Бразил и Словенија.