Македонија
23. September 2020 - 8:33

Денеска е Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

Минодора, Митродора и Нимфодора беа сестри, родум од некое место во областа Витинија во Мала Азија.

Беа воспитани во христијански дух. Кога пораснаа, сите се повлекоа од светот во пустина, живеејќи живот видлив за Бога, а невидлив за луѓето. Толку се очистија и се смирија себеси, што Бог ги украси со дар на чудотворство. За тоа набргу се дозна, па почнаа да им доаѓаат луѓе со најразлични маки. Но, за нив дозна и некој кнез Фронтон и ги изведе на суд. Гледајќи ја нивната го¬лема убавина, тој прво се нудеше да им обезбеди светска слава, но кога виде дека тие на сето тоа остануваа цврсти во својата љубов кон Христа, ги предаде на маки.

По измачувањата прво беше погубена Ми¬нодора, а потоа и нејзините две сестри. Ова сведоштво се случи меѓу 305 и 311 година.