Македонија
1. јуни 2020 - 16:46

Дел од раководството на СДСМ позитивно на Ковид-19 - дел замина во самоизолација

Коронавирусот им се заканува и на политичари и функционери. По потпрестедателот на СДСМ и директорката на УЈП е позитивна на Ковид-19. Поради контакт со Мухамед Зекири во самоизолација се двајца министри. Мила Царовска и Дамјан Манчевски 14 дена ќе седат дома исто  и советникот на Премиерот Марјан Забрчанец и директорот на финансиската полиција Арафат Муареми имале средба со Зекири изминатиот период.

 -Нашиот потпретседател Мухамед Зекири е заразен одејќи на ифтар кај својот брат. Снаата веројатно од своето семејство, не почитувале доволно, изјави Зоран Заев претседател на СДСМ.

Потпретседателот на СДСМ го поправи претседателот.

-Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот, напиша Зекири на својот Фејсбук.

Во самоизолација се и директорот на службен весник Мартин Костовски и дополнителната заменичка во МВР Славјанка Петровска. Таа вчера со Лукаревска беа на партиски настан во Куманово. На истиот присуствуваше и техничкиот Премиер  како носител на листа. Спасовски утринава бил тестиран.

-Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација, напиша Спасовски на ФБ.

Во меѓувреме позитивниот тест на Лукаревска стави во карантин десетина службеници од УЈП.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ го обвинија Заев дека е виновен за ширењето на Ковид-19.

-Зоран Заев и СДСМ се директно одговорни за ширење на Ковид 19. Тие преку нивната неспособност во ризик илјадници граѓани, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ одговори дека како партија уште од самиот почеток на пандемијата ги почитувале сите протоколи за заштита.

- Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средтсва за претходна лична дезинфекција. Овде во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, се прави редовна дезинфекција на сите простории. СДСМ како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и секој поединец, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Во самоизолација е и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу. Имал контакт со заразен член од неговото семејство.