Живот
24. December 2022 - 16:31

Дедо Мраз во Прилеп ги израдува најмалите од Градскиот саат

И оваа година по трет пат група на ентузијасти од Прилеп кои сакаат да им ги разубават новогодишните празници на дечињата го повикаа во Прилеп да дојде Дедо Мраз, кој овој пат се спушти во центарот на градот од Градскиот Саат.

„Дедо Мраз им посакува на сите здравје, мир, љубов, среќа, секако оваа година да ја завршиме како предизвик да бидеме поуспешни и посреќни во Новата“, рече Дедо Мраз.

Дечињата со нетрпение го чекаа Дедо Мраз, секое со различна желба.

„Јас сакам плејстејшн 5, јас сакам колетче, јас сакам кола со далечински управувач“, рекоа дел од дечињата

Новогодишните пакетчиња ги овозможи една општествено одговорната компанија од Прилеп.

„Најпрво ние поканивме дечиња од ООУ „Добре Јованоски“, од социјално загрозени семејства, а потоа сите пакетчиња кои останаа ги дававме и на случајни минувачи и други дечиња“, додаде Емил Батаклиев, општествено одговорната компанија.

Дедо Мраз вети дека и идната година повторно ќе се врати во Прилеп, но овој пат ќе се симнел од уште повисоко.