Македонија
20. October 2020 - 13:57

Дебранец сакал да регистрира автомобил внесен од странство со невистинити документи

Дебранец заработи кривична пријава за измама при регистрација на возило внесено од странство.

-Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против С.С. (42) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Тој, со намера да ја искористи поволноста за увоз и прва регистрација на возило при враќање од странство, доставил барање за добивање уверение и потврда за живеалиште во Дебар со невистинити документи, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека иако знаел дека документите се невистинити, истите пријавениот ги приложил во постапката за идентификација, хомологација и регистрација на увезен патнички автомобил.

Димоски, исто така информираше дека во последното деноноќие на подрачјето на ОВР Дебар, полициските службеници констатирале 21 прекршок за неносење лична заштита на лицето,за што се издадени прекршочни платни налози.Во последните три дена вакви налози се издадени на 40 лица.