Дебата: Како до градење мостови на Западен Балкан?
Регионалната соработка е клучна за евроинтеграциите на Западен Балкан - порача поранешниот технички прњмиер Емил Димитриев на денешната конференција „ Западен Балкан на патот кон ЕУ“.
Единствено заедништвото е формула за решавање на споровите, но заседништвото се темели на посебноста и рамноправноста. Нашите соседи се дел од ЕУ, но тоа што некој е внатре не треба да се наметнува во односите, бидејќи тоа влијае и на блискоста на народите
Неговиот сопартиец, секретарот за меѓународни односи на ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски смета дека за сите прашања, важен е домашниот консензус, кој за жал го нема, бидејќи преовладувала поларизацијата меѓу политичките партии. Во однос на тоа дали Македонија ќе ги почне преговорите во декември, тој додаде и дека сега на тест е кредибилитетот на Бугарија.
Доколку Република Бугарија е кредибилен партнер на Македонија ќе и овозможи на земјава да се одржи првата Меѓувладина конференција до крајот на годината.
Освен за македонско - бугарските односи, на конференцијата се зборуваше и за Европската иднина на Западен Балкан. Во таа насока преку видео врска генералниот секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез-Истуриз Вајт порача дека верува во европската иднина на Македонија и ја поддржува земјава на патот н кон ЕУ.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар