Македонија
25. јуни 2022 - 12:55

Дарко Каевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Во период кога се решаваше евроинтегративниот процес на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги преку кои се обидуваа да ги поткопаат државните интереси.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.

Тоа е срамно, неодговорно и антидржавно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

По сето тоа, најмалку што можат да направат во Белиот дворец е да им се извинат на граѓаните за тешките лаги што ги пласираа, а потоа и да побараат одговорност од Мицкоски.

Мицкоски мора да излезе од деструктивната матрица и наместо за интересите на неговиот ментор Никола Груевски, наместо за туѓи центри на моќ, конечно да почне да работи за интересите на граѓаните.

И покрај крајно неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, но и да работи на обезбедување на европската иднина на државата како клучна стратешка цел.

Прес-конференција на портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски