Ракомет
15. December 2021 - 15:55

Данска и Шпанија се полуфиналисти на СП за ракометарки

На 25-тото женско ракометно Светско првенство, познати се првите две селекции кои обезбедија пласман во полуфиналето. 
 
Ракометарките на Данска и Шпанија се првите полуфиналисти на Мундијалот што се одржува во шпанскиот град Гранољес. 
 
Данска која е без медал на последните три големи натпреварувања без многу мака славеше победа во дуелот против Бразил со 35-30. 
 
Данските ракометарки во полуфиналето ќе играат со побдникот од дуелот меѓу олимписки шампион од Токио, Франција и селекцијата на Шведска
 
Домашната селекција на Шпанија, која на Мундијалот пред две години го освои сребрениот медал,  за своето второ последователно полуфинале се избори со победата над Германија совладувајќи ја со 26-21. 
 
Шпанските ракометарки ќе имаат потешка задача имајќи во предвид дек тие за место во финалето ќе се борат против европски шампиони Норвешка или сребрената селекција од Олимпијадата во Токио, селекцијата на Русија која ја освои бронзата на СП во Јапонија пред две години.