Македонија
3. April 2020 - 16:42

Дали за Куманово се потребни порестриктивни мерки?

Воведување на построги мерки за Куманово, односно целосна изолација на градот, со точно утвредени протоколи за однесување на институциите и воведување на засилени поригорозни мерки за ограничувањата за движење на граѓаните.

Ова се барањата до Владата од кумановскот градоначалник Максим Димитриевски, по денешната објава дека најголемиот број на случаи на заразени со корона доаѓаат од овој град. Меѓу 23-те новоинфицирани се наоѓаат и 11 лица – медицински персонал.

По Скопје, Куманово е втор град во земјава каде што се регистрирани најголем број случаи на Ковид 19, причина за аларм кај градските власти.

Воедно, градоначалникот апелира до граѓаните за поголема свесност и одговорност, бидејќи низ градот брзо се шири коронавирусот.

Димитриевски информира дека во меѓувреме, градските власти продолжуваат со мерките за спречување на заразата, како што се редовна дезинфекција на улиците, но и отстранување на сите непрописно паркирани возила со цел непречена работа на службите.