Бизнис
19. јуни 2021 - 21:16

Дали Владата ќе ги ограничи цените на производите по најавеното поскапување на горивата и струјата?

Потрошувачката кошничка надмина 34.000 денари. За основна живеачка на едн просечно семејство минатит месец биле потребни 200 денари повеќе споредено со еден месец претходно. Од ССМ кои ја пресметуваат кошничката велат дека овој тренд на зголемување на цените трае веќе со месеци. Растот на цените забрза лани во јули, кога поскапе струјата. Од тогаш досега вредноста на потрошувачката кошничка е зголемена за 900 денари. 800 денари од овие пари одат на храна и сметки.

Слободан Трендафилов од ССМ во Тема на денот за Сител рече дека овој раст на цените досега во најголем дел  е неоправдан. Продавачите на основните производи ја искористиле кризата за да ќарат поголеми профити. Но, новата давачка од 3,5 денари по литар гориво што Владата планира да ја воведе од јули ќе влијае цените дополнително да растат. До крајот на годината, ни три минимални плати нема да стигаат да ја покриваат потрошувачката за едно домаќинство, а јазот меѓу просечната плата и потребите на семејствата ќе станува се поголем. Затоа ССМ бара ограничување на цените на основните производи.

Неодамна прмеиерот Заев рече дека новата давачка нема да придизвика покачување на цените. Проекциите за раст на инфлацијата и натаму се ниски, растот на просечната плата изнесува 4, а на минимналната 8% што создава поголем економски стандард и помали трошоци за живеење.