Македонија
12. December 2019 - 16:54

Дали се злоупотребуваат малцинските квоти за вработување во јавната администрација?

Над 40.000 буџетари в сабота ќе го чистат ѓубрето во Скопје. Министерот Манчевски и здружението „Не биди Ѓубре“ ги одредија локациите каде што ќе се одвива акцијата. Поради временската прогноза, акцијата е поместена во 12, наместо во 9 часот.

Кире, Дејан, Златко, Горан, Александар се пишале како Албанци или припадници на малцинствата и добиле работа во јавниот сектор. Според министерот Манчевски, непопишувањето на населението скоро 18 години го зголемува бројот на малверзации со етничката припадност при влез во администрација. Вели дека етничката припадност е лично чувство и нема ништо незаконски во сопствената определба на етникумот.

-Не постојат законски санкции за некој ако се обиде на овој начин да го изигра системот. Не е законски прекршок, не е во ред, не е етички, не е коректно. Видливо е на крајот на денот. Јавни се информациите, но факт е дека немаме на што да се повикаме некому да му кажеме „Ти не си ’ова’ по етничка припадност, ти си ’ова’“, рече Манчевски. 

Најави дека ќе се укине софтверот „Балансер“ кој однапред ја одредуваше етничката припадност за вработувањата. Според Манчевски, софтверот завршил голема работа, но во последно време ги ограничил вработувањата. Ќе се формира интерресорска група која ќе дава конкретни задачи за вработувања според процентот на етничка застапеност на годишно ниво.

-Не можеме да се соочуваме со сериозни проблеми заради недостаток на соодветен недостаток на пазарот на трудот понекогаш да најдеме работник од одредена струка од некоја одредена етничка заедница. Илузорно е, невозможно е да се очекува дека во секоја институција ќе имаме точно пресликан етнички соодност како што имаме во општеството, рече Манчевски.

Сител се обиде да стапи во контакт со вицепремиерот и министер политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку. Но, тој не одговори на нашите повици.