Македонија
12. јуни 2021 - 21:16

Дали прележаните требаше да се вакцинираат во првиот бран

Вакцинирањето поради патување го одзема редот за имунизација на тие кои им е најпотребна заштита, смета микробиологот д-р Никола Пановски. Според него, во услови на недостиг од вакцини треба да се даде приоритет на повозрасните и на тие кои не прележале Ковид-19.

Пановски вели дека нема опасност од компликации доколку се вакцинира некој кој скоро прележал Ковид-19, но смета дека за нив е доволна една доза.

Во меѓувреме, имунизацијата во земјава оди со побавно темпо поради недостигот од вакцини. Веќе две недели наместо по 10.000 дози вакцини дневно, како што најавуваа надлежните, се инјектираат по околу 1.500 дози. Со тоа, до сега се вакцинирани над 250.000 граѓани, од кои две третини примиле две дози.