Македонија
26. July 2021 - 16:39

Дали Парламентот е пред нова блокада?

Етничката определба во личните карти повторно е закана дека го блокира парламентот. Аманадманот на владејачката БЕСА за ваква графа во личните документи го проблематизира донесувањето на измените на законот за лична карта. Ова е втор обид за носење на вакво решение годинава, но и втора најава за негова блокада.

Од ВМРО-ДПМНЕ без конкретен став, туку дека мора да се почитуваат европските решенија, кои не дозволуваат вакви определби.

Имено, во текот на февруари евроамбасадорот Гир напомена дека во август стапува на сила европската регулатива која забранува споделување податоци за расна, етничка, политичка и верска припадност во лични документи.

Останува дилемата и дали графата за етничка определба ќе важи само за припадниците на етничките заедници или за стие граѓани, односно дали на ваква определба право ќе имаат и Македонците. Од владејачката СДСМ застануваат зад решението на коалицискиот партнер.

Од БЕСА денеска без коментар.

Во меѓувреме Левица и понатаму ги блокира сите законски решенија кои доаѓаат осд власта со илјадници амандмани. Со над 1000 амандмани го блокира и законот за лични карти, но и измените во Законот за собрание за самостоен собраниски буџет и поголеми ингеренции на собранискиот канал каде има поднесено 980 амандмани.

Стојат и 1000 амаднмани за законот за државјанство, но поради што тој е со европско знаменце расправата по него завршува денеска, независно за колку од амандманите ќе се расправа.