Македонија
29. July 2021 - 17:01

Дали „Отворен Балкан“ е замена за ЕУ - на повидок ли е нова Балканска мини Југославија?

Лидерите на Македонија, Албанија и Србија негираат дека проектот „Отворен Балкан“  бил замена за Европската унија. Велат, тоа што прават сега, ќе го правеле и кога ќе бидат дел од унијата. Заедничкото делување го нарекуваат движење за иднината. Домаќинот, премиерот Заев, вели дека, не можело да се чека ЕУ да ги реши своите внатрешни проблеми за државите од балканот да одат напред.

Албанскиот премиер Рама, вели „Отворен Балкан“ нема цел да ја заживее поранешната југословенска република, туку, како што појаснува, тоа била идеја која се темели на принципите на функционирање на Европската унија.. Наводна скриена агенда негира и Вучиќ, вели целта е да се подобри животот на граѓаните во трите држави.

Тројцата лидери очекуваат кон „Отворен Балкан“ да се приклучат и други држави.

Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, не биле дел бидејќи на состанокот во Тирана, тие имале очигледни разлики во однос на иницијативата. Сепак велат дека вратите за нив не се затворени. Премиерот Заев ја повика да се вклучи и Бугарија.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, регионалната иницијатива била добредојдена, но тоа не смее да биде алтернатива за членство на земјата во Европската унија.

Странските медиуми во „Отворен Балкан“ гледаат одговор на како што наведува „Фајненшл тајмс“, ќорсокакот на патот кон ЕУ. Медиумот пренесувајќи изјави на тројцата балкански лидери, наведува дека балканската тројка соочена со одложувањето на членството на во ЕУ, формирала сопствена зона без граници.