Бизнис
16. јуни 2021 - 16:54

Дали намалувањето на ДДВ ќе го компензира најавеното поскапување на струјата

И поркај тоа што дел од енергетските компании побараа зголемување на цената за услугата која ја вршат, од Владата уверуваат дека струјата нема да поскапи. Посочуваат дека од први јули годинава ќе има намалување на ДДВ за електрична енегија, на одреден период, а во 2023 повторно ќе се врати на 18 проценти. Сепак неизвесно е колку оваа мерка ќе помогне да се заштитат граѓаните, затоа што сеуште ЕСМ нема дадено нова цена за произведената струја на тендерот кој треба да го објави ЕВН ХОУМ, а од што всушност најмногу зависи каква ќе биде новата цена за електричната енергија. Од Владата посочија дека цената нема да биде откриена се до објавувањето на тендерот кој наместо на 15 јуни ќе биде објавен на 21 јуни.  А од кои причини е пролонгиран од ЕВН не откриваат.

Не се знае ниту што од барањата на МЕПСО и Електро дистрибуција ќе биде прифатено. Регулаторната комисија се уште ги разгледува нивните пресметки, но според нивните анализи, ако се прифатат нивните барања трошоците за домаќинствата кои имаат сметки од 1.000 денари, ќе се зголемат за 50 денари.

Нова корекција на цената на струјата ќе биде направена  до крајот на јули и ќе важи од први август. Лани поскапе за 7,4 проценти и тоа на барање на државните енергетски компании.