Бизнис
25. September 2021 - 16:42

Дали ќе се менува цената на парното во Скопје - РКЕ бара дистрибуција да биде подготвена за предвремено пуштање на греењето

Нема да има никакви измени во цената на парното греење. Иако топланите Исток и Запад на Топлификација одат во рацете на Чифлиганец, од РКЕ велат, граѓаните да бидат мирни затоа што нема да има промени во износот на топлинската енергија што би биле на штета на домаќинствата.

Со преземањето на двете топлани, Чифлиганец има две опции. Или да ги изнајми или да побара лиценца за вршење на енергетска дејност - производство на топлинска енергија во соодветни постапки.

Инаку од РКЕ велат дека добиле гаранција од снабдувачите со топлинска енергија дека се целосно подготвена за новата грејна сезона дури и ако таа почне порано од 15 октомври. Минатата година дел од граѓаните се жалеа на слабо греење, поради што РКЕ побара измени со кои ќе може да изрекува казни кои ќе бидат врзани со приходите на компаниите.

Во моментов градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. За една година приклучени се нови 2.000 потрошувачи. Најмалку корисници и натаму има на топланата Скопје Север.